Фудбалската репрезентација на Мексико по осмипат го освои Голд Купот. Првенството на Северна и Средна Америка заврши утринава со финалниот меч во Чикаго на кој Мексиканците со 1:0 го совладаа домаќинот САД и дојдоа до круната.
Единствениот гол беше дело на Џовани Дос Сантос и тоа во завршницата на мечот во 73 минута. Поранешниот фудбалер на Барселона и Виљареал, а сега играч на Лос Анџелес Галакси, успеа да му донесе нов успех на мексиканскиот тим по последната титула во 2015 година.