Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години го загуби и третиот меч на ЕП – Б дивизија кое се одржува во Скопје. По Романија и Ирска, Грција е третиот противник кој и зема „мерка“ на македонската женска јуниорска репрезентација.
Нашите репрезентативки одиграа добар напревар, но не успеаја да се израдуваат. Грција славеше со 48:38 и ни го нанесе третиот пораз.
Селцова со 16 постигнати поени беше најдобра реализаторка во нашата репрезентација.