Author: saso

Арсенал тргна кон обезбедување на заменик за францускиот дефанзивец Кошчелни, кој дефинитивно ќе го напушти „Емирати“ ова лето. Информациите го сместуваат дефанзивецот на Бенфика, Рубен Диаз, како најсериозен кандидат за дресот на лондончани. Францускиот централен дефанзивец ги разбранува духовите во кампот на “топчиите” откако одби да замине со тимот на предсезонската турнеја во САД. Според англиските медиуми, една од главните цели на клубот е дефанзивецотт на Бенфика, кој за добра сума може да пристигне во Лондон до крајот на преодниот рок. Португалците за него бараат 54 милиони евра, но Арсенал нуди само 45.

Read More

Иднината на Филипе Кутињо во Барселона е крајно неизвесна. Според „Мундо Депортиво“, Барселона нема добиено понуда од друг клуб за бразилскиот техничар, но се појасно е дека во конкуренција на Гризман тој ќе остане надвор од првиот тим следната сезона. Оттука Кутињо сака да си најде нов клуб. Не е тајна дека првите луѓе на Барселона се обидуваат да го вклучат Кутињо во евентуална трапа за Нејмар од ПСЖ. Во исто време, фудбалерот не сака да чуе за интересот на Манчестер Јунајтед, затоа што има почит кон својот поранешен клуб, Ливерпул.

Read More

Новајлијата во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед, го купи ирскиот напаѓач Калум Робинсон, кој досега играше во Престон. Договорот на играчот е за 4 години, а износот платен за него е нов рекорд на клубот во висина од 8 милиони фунти. Претходно, Шефилд даде 5 милиони фунти и за играчот од средниот ред, Лук Фриман.

Read More

Српскиот интернационалец Иван Марковиќ е ново засилување на Работнички. Тој потпиша договор на една година и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивната линија на „романтичарите“. Тој е напаѓач кој може да одговори и како офанзивен играч за врска. Има 25 години и доаѓа од грчкиот клуб Каламата. Во минатото настапувал за Партизан, Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска), а има играно за Вождовац и Радник.

Read More

Македонските фудбалски тимови во Лигата на Европа останаа со само едно реми по првиот круг на натпреварите во квалификацискиот дел. Шкупи извлече нерешени 3:3 на гостувањето во Ерменија кај Пјуник, додека порази претрпеа Македонија ЃП и Академија Пандев. „Лавовите“ од Ѓорче беа поразени на гостувањето против Алашкерт со 3:1, додека убедлив и разочарувачки пораз дома од 3:0 од босански Зрински претрпе дебитантот во европските купови, Академија Пандев. Синоќа по средбата во Скопје и убедливиот пораз, тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски вака го прокоментира мечот: „Дефинитивно станува збор за добар противник, беше физички подоминтантен од нас. Погрешив во некои мои…

Read More

Дефанзивецот на Борусија (Д), Жереми Тољан е нов фудбалер на италијански Сасуоло. Италијанскиот тим се согласи со „милионерите“ да го изнајми 24-годишниот германски фудбалер во период од една година со последователното право на откуп. Тољан се пресели во Борусија Дортмунд во летниот трансфер период во 2017 година, потпишувајќи договор на пет години. Пред тоа, шест години играше за Хофенхајм.

Read More

Оклахома и Хјустон се договорија за размена на двете ѕвезди во тимовите, Расел Весбрук и Крис Пол. Како што објавија утрово американските новинари, Вестбрук ќе оди во Хјустон кај Харден, додека во спротивна насока во Оклахома ќе заврши Крис Пол. Покрај Пол, Сити Тандер ќе го добијат и правото да бираат во првиот круг на Драфтот од 2024 и 2026 година, како и право на избор во периодот од 2021 и 2025 година.

Read More

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, смета дека неуспехот во првата третина од сезоната не го остава на страна од битката за шампионскиот трофеј. „Нема причина зошто да престанам да верувам во можноста за освојување на титулата. Но, тоа не е она со што легнувам секоја вечер. Ја чекам секоја нова трка и размислувам само за неа. Имаме доволно работа и многу напредуваме. Времето ќе стави сè на свое место“, вели Фетел. Тој исто така потенцира дека во Ферари доста научија од досегашните промени на болидот и очекува уште подобрувања во следниот период. По девет досегашни трки, Себастијан Фетел е на…

Read More

Академија Пандев имаше лошо резултатско деби на европската сцена. Вечерва пред скопската публика, струмичани беа убедливо поразени од мостарски Зрински со 3:0 и практично на првиот меч ги загубија шансите за пласман во 2. коло од квалификациите за Лигата на Европа. Зрински доминираше од почетокот до крајотна средбата и на крајот заслужено победи. Во првиот дел гостите погодија преку Хаџиќ и Мандиќ, а на стартот на вториот дел Говедарица ги постигна конечните 3:0.

Read More

Екипата на Македонија ЃП загуби со 3-1 на гостувањето кај Алашкерт на првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа. Нашиот претставник одигра слаб меч во кој домашните ги искористија своите шанси и на крајот и се израдуваа на победа, која им обезбедува добри шанси за минување во 2. коло. Никита Танков по 16 минути игра го донесе домашниот тим во водство, со кое се отиде и на пауза. Во 52-та минута Ален Јашароски погоди со глава за 1-1, но кусо време потоа, Алашкерт ја врати предноста на сличен начин, со голот на Секулиќ. Конечните 3:1 ги постави…

Read More