Author: saso

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд и натаму останува на идеата да го донесе Тимо Вернер од екипата на Лајпциг. Како што објавија германските медиуми, „милионерите“ се сериозни конкуренти на Баерн (М) во трката за потписот на репрезентативецот. Тимот од Вестфалија веќе имаат контакт со напаѓачот и постојано се обидуваат да го натераат да ја прифати нивната понуда, иако и Баерн е сериозен во намерите. Вернер, пак, се чини дека има желба да замине во Минхен и ќе се обиде да го реализира трансерот ова лето.

Read More

Македонските фудбалски претстваници во Лигата на Европа, попладнево ќе ги одиграат реванш средбите од 1. елиминациско коло. Најдобри шанси за пласман во 2. коло има екипата на Шкупи, која на гостувањето во Ерменија пред една недела одигра нерешено 3:3. На домашен терен чаирчани ќе се обидат да ја искористат предноста и да се пласираат во следната рунда. Оптимизам за место во 2. коло има и кај екипата на Македонија ЃП. „Лавовите“ го загубија првиот меч кај Алашкерт со 3:1, но се надеваат дека со многу подобра партија попладнево ќе успеат да дојдат до потребната победа за пласман понатаму. Најмалку шанси…

Read More

21-годишниот играч од средниот ред на ПСЖ, Кристофер Нкунку од денеска и официјално е нов фудбалер на Лајпциг. Нкунку потпишал договор со Германците до 2024 година и во новиот клуб ќе го облече дресот со број 18. „Навистина сум среќен што ќе го облечам дресот на РБ Лајпциг. Слушнав многу за клубот и убеден сум дека начинот на кој се игра фудбалот тука многу ми одговара. Веќе знам некои од моите соиграчи, како Жан-Кевин Аугустин и Упамекано. Затоа сум оптимист дека можам многу брзо да се вклопам во средината“, изјавил младиот 21-годишен репрезентативец на Франција.

Read More

Елијаким Мангала добил дозвола да си замине како слободен агент во текот на летото од екипата на Манчестер Сити. Иако своевремено беше доведен како големо засилување, Мангала се претвори во тотално разочарување за Сити. Тој имал средба со менаџерот Пеп Гвардиола, на која е дискутирано за неговата иднина. Французинот бил уверен дека ќе биде пуштен без финансиски барања во секој тим кој побара да потпише со него. Ова се случува само четири месеци откако тој парафираше продолжување на неговиот договор за една година до 30 јуни 2020 година. Дефанзивецот дојде во Сити од Порто во 2014 година, но забележа само…

Read More

Јувентус официјално ја објави трансакцијата на капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт. Цената за трансферот изнесува 75 милиони евра, што “Старата дама” ќе ја исплати во 5 финансиски години. Холандскиот клуб може да добие дополнителни 10,5 милиони евра во бонуси, во зависност од постигнувањата на клубот и фудбалерот. Договорот на Де Лихт со Јуве е до летото 2024. Стоперот е седмото ново засилување за италијанскиот шампион во последните осум години.

Read More

Фудбалерите на Арсенал славеа на првиот меч на Интерконтиненталниот куп на шампионите во САД. Откако ја добија контролата со Колорадо Рапидс, синоќа „топчиите“ тргнаа со победа против Баерн Минхен во рамките на еден однајсилните летни подготвителни настани. Во Лос Анџелес, момците на Унаи Емери победија со 2:1 на меч против екипата на Баерн (М). Младиот Луис Познански постигна автогол за водство на Англичаните од 1:0 на стартот на второто полувреме, по што Германците преку Левандовски успеаја да израмнат. Одлучувачкиот гол дојде во 88. минута, кога Нкетиах погоди за конечни 2:1.

Read More

Фановите на Њукасл уште еднаш излегоа на улиците на центарот на градот во знак на протест против сопственикот Мајк Ешли и менаџментот на клубот. Поддржувачите одамна не се задоволни од постапките на шефот, а ова лето напнатоста повторно се зголеми по разделбата со менаџерот Рафаел Бенитез. По долго чекање, вчера, Стив Брус беше назначен за нов тренер, со договор за три сезони. Тој стана десеттиот менаџер во 12-годишната историја на Њукасл во рацете на Ешли. „Ова нема никаква врска со Брус, но тој не може ништо да направи. Ешли само го уништува клубот и во последните 12 години ги продава…

Read More

Трансферот на нашиот млад репрезентативец Елиф Елмас во екиопата на Наполи ќе се комплетира в сабота. Според информациите на италијанските медиуми, досегашниот фудбалер на фенербахче в сабота ќе пристигне во Неапол каде треба да ги мине лекарските прегледи и да го финализира договорот со новиот клуб. Фенербахче и Наполи се уште официјално го немаат потпишано договорот за Елмас, но скоро се е договорено, само остануваат уште неколку отворени детали кои треба да бидат завршени дури и до крајот на денот.

Read More

Киран Трипие и официјално е нов фудбалер на Атлетико (М). Денеска и официјално информацијата е потврдена и од шпанскиот тим. Атлетико Мадрид и Тотенхем постигнаа договор за трансферот на англискиот фудбалер. Трипие веќе го потпиша договорот на 3 години, откако успешно ги помина лекарските преглед на Универзитетот во Навара. Тој ќе биде првиот англиски фудбалер кој ќе заигра за Атлетико (М).

Read More

Барселона е подготвена да плати 40 милиони евра и плс да ги испрати во Париз, Филипе Кутињо и Усман Дембеле, за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“. Ова е веста која денеска ј аобјави весникот „АС“. Нејмар сака да го напушти Париз бидејќи не се чувствува среќен. Ова беше откриено и од претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, но тој додаде дека ПСЖ нема да пушти ова лето. Напаѓачот се труди да се врати во Барселона по секоја цена, а за таа цел имал и средба со првите луѓе на францускиот тим.

Read More