Елијаким Мангала добил дозвола да си замине како слободен агент во текот на летото од екипата на Манчестер Сити. Иако своевремено беше доведен како големо засилување, Мангала се претвори во тотално разочарување за Сити. Тој имал средба со менаџерот Пеп Гвардиола, на која е дискутирано за неговата иднина.
Французинот бил уверен дека ќе биде пуштен без финансиски барања во секој тим кој побара да потпише со него. Ова се случува само четири месеци откако тој парафираше продолжување на неговиот договор за една година до 30 јуни 2020 година.
Дефанзивецот дојде во Сити од Порто во 2014 година, но забележа само 57 настапи во сите 5 сезони во тимот.