Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд и натаму останува на идеата да го донесе Тимо Вернер од екипата на Лајпциг. Како што објавија германските медиуми, „милионерите“ се сериозни конкуренти на Баерн (М) во трката за потписот на репрезентативецот.
Тимот од Вестфалија веќе имаат контакт со напаѓачот и постојано се обидуваат да го натераат да ја прифати нивната понуда, иако и Баерн е сериозен во намерите. Вернер, пак, се чини дека има желба да замине во Минхен и ќе се обиде да го реализира трансерот ова лето.