Македонските фудбалски претстваници во Лигата на Европа, попладнево ќе ги одиграат реванш средбите од 1. елиминациско коло. Најдобри шанси за пласман во 2. коло има екипата на Шкупи, која на гостувањето во Ерменија пред една недела одигра нерешено 3:3.
На домашен терен чаирчани ќе се обидат да ја искористат предноста и да се пласираат во следната рунда. Оптимизам за место во 2. коло има и кај екипата на Македонија ЃП. „Лавовите“ го загубија првиот меч кај Алашкерт со 3:1, но се надеваат дека со многу подобра партија попладнево ќе успеат да дојдат до потребната победа за пласман понатаму.
Најмалку шанси им се даваат на струмичани, Академија Пандев. На првиот меч во Скопје, дебитантот во европските купови беше поразен од Зрински со 3:0, па денеска во Мостар нема некои поголеми шанси за успех.
ЛИГА НА ЕВРОПА – 1. коло (реванш средби)
16.30 Македонија ЃП – Алашкерт (1-3)
19.00 Зрински – Акад. Пандев (3-0)
20.30 Шкупи – Пјуник (3-3)