Јувентус официјално ја објави трансакцијата на капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт. Цената за трансферот изнесува 75 милиони евра, што “Старата дама” ќе ја исплати во 5 финансиски години. Холандскиот клуб може да добие дополнителни 10,5 милиони евра во бонуси, во зависност од постигнувањата на клубот и фудбалерот.
Договорот на Де Лихт со Јуве е до летото 2024. Стоперот е седмото ново засилување за италијанскиот шампион во последните осум години.