21-годишниот играч од средниот ред на ПСЖ, Кристофер Нкунку од денеска и официјално е нов фудбалер на Лајпциг. Нкунку потпишал договор со Германците до 2024 година и во новиот клуб ќе го облече дресот со број 18.
„Навистина сум среќен што ќе го облечам дресот на РБ Лајпциг. Слушнав многу за клубот и убеден сум дека начинот на кој се игра фудбалот тука многу ми одговара. Веќе знам некои од моите соиграчи, како Жан-Кевин Аугустин и Упамекано. Затоа сум оптимист дека можам многу брзо да се вклопам во средината“, изјавил младиот 21-годишен репрезентативец на Франција.