Киран Трипие и официјално е нов фудбалер на Атлетико (М). Денеска и официјално информацијата е потврдена и од шпанскиот тим.
Атлетико Мадрид и Тотенхем постигнаа договор за трансферот на англискиот фудбалер. Трипие веќе го потпиша договорот на 3 години, откако успешно ги помина лекарските преглед на Универзитетот во Навара.
Тој ќе биде првиот англиски фудбалер кој ќе заигра за Атлетико (М).