Иднината на Филипе Кутињо во Барселона е крајно неизвесна. Според „Мундо Депортиво“, Барселона нема добиено понуда од друг клуб за бразилскиот техничар, но се појасно е дека во конкуренција на Гризман тој ќе остане надвор од првиот тим следната сезона. Оттука Кутињо сака да си најде нов клуб.
Не е тајна дека првите луѓе на Барселона се обидуваат да го вклучат Кутињо во евентуална трапа за Нејмар од ПСЖ.
Во исто време, фудбалерот не сака да чуе за интересот на Манчестер Јунајтед, затоа што има почит кон својот поранешен клуб, Ливерпул.