Академија Пандев имаше лошо резултатско деби на европската сцена. Вечерва пред скопската публика, струмичани беа убедливо поразени од мостарски Зрински со 3:0 и практично на првиот меч ги загубија шансите за пласман во 2. коло од квалификациите за Лигата на Европа.
Зрински доминираше од почетокот до крајотна средбата и на крајот заслужено победи. Во првиот дел гостите погодија преку Хаџиќ и Мандиќ, а на стартот на вториот дел Говедарица ги постигна конечните 3:0.