Арсенал тргна кон обезбедување на заменик за францускиот дефанзивец Кошчелни, кој дефинитивно ќе го напушти „Емирати“ ова лето. Информациите го сместуваат дефанзивецот на Бенфика, Рубен Диаз, како најсериозен кандидат за дресот на лондончани.
Францускиот централен дефанзивец ги разбранува духовите во кампот на “топчиите” откако одби да замине со тимот на предсезонската турнеја во САД.
Според англиските медиуми, една од главните цели на клубот е дефанзивецотт на Бенфика, кој за добра сума може да пристигне во Лондон до крајот на преодниот рок. Португалците за него бараат 54 милиони евра, но Арсенал нуди само 45.