Новајлијата во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед, го купи ирскиот напаѓач Калум Робинсон, кој досега играше во Престон. Договорот на играчот е за 4 години, а износот платен за него е нов рекорд на клубот во висина од 8 милиони фунти.
Претходно, Шефилд даде 5 милиони фунти и за играчот од средниот ред, Лук Фриман.