Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека Аргентина ќе биде вклучена во Лигата на нации, натпреварување кое е од континентален карактер.
„Не е точно дека сме и понудиле на Аргентина да игра во Лигата на нациите или било која друга конкуренција на натпреварување на УЕФА. Тие не се членки на УЕФА и воопшто немаше разговори на таа тема“, велат од УЕФА.
Дел од медиумите, пред се на шпанска “Марка” ја објави веста дека Аргентина и во иднина би можела да заигра во Лигата на нации на УЕФА, бидејќи не се задоволни со развојот на настаните на Копа Америка кој заврши вчера во Бразил.