На прес-конференција, Кошаркарската федерација на Македонија објави дека досегашниот ракометен „храм“, СРЦ Кале, во иднина ќе биде нов кошаркарски центар. Големата сала на СРЦ „Кале“ ќе биде на располагање на КФСМ.
„Во програмата ставивме акцент на подобрување на условите за младите. Презадоволен сум што федерацијата добија своја сопствена сала која ќе биде на расплагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. Младите добија место каде ќе можат да се развиваат. Со обезбедување на сала ни се олеснува работата, во однос на инвидуални и репрезентативни тренинзи“, изјави првиот човек на македонската кошарка, Антиќ.
Неговите соработници исто така ја истакнаа важноста на овој потег и договорот со претприето за стопанисување со спортските објекти, како и владата на Македонија.
„Репрезентацијата е има свој дом. Оваа сала ќе биде исполнета со активности за развој на младинските категории. Летово имаме многу активности со репрезентациите и тоа значи дека салата уште сега ќе биде максимално искористена. Има уште некои работи кои треба да се поправат, за да се направат услови за развој на кошарката“, вели Тодор Гечевски.

