Јужноамериканската фудбалска конфедерација, пак, излезе со соопштение по повод обвинувањата на капитенот на Аргентина, Лионел Меси.
„Во фудбалот понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Главниот дел на фер играта е вештината да го прифатиш резултатот достојно и со почит. Истото важи и за одлуките на судиите, кои се исто така луѓе, тие секогаш можат да бидат подобри. Неприфатливо е да се појавуваат неосновани обвинувања во отсуство на докази, што го доведува во прашање интегритетот на Копа Америка. Овие обвинувања претставуваат недостиг на почит кон турнирот, кон сите инволвирани фудбалери и стотици професионалци од КОНМЕБОЛ – организација која од 2016 година работи неуморно за развој, професионален раст и транспарентност во фудбалот во Јужна Америка“, се вели во реакцијата на Јужноамериканската Конфедерација.

