Жозе Мурињо ја отфрли највисоката понуда во светот на фудбалот, објави „Скај Спорт“. Предлогот бил вреден 28 милиони фунти по сезона, вклучувајќи бонуси. Португалскиот стратег самиот можел да го одреди терминот и реметраењето на договорот. Понудата, се разбира, е од Кина, а Мурињо ја доби од локалниот гигант Гвангжу Евергранде.
Пред два дена, излегоа информации дека Специјалниот преговара со најбогатиот човек во Кина – Хуи Ка Јанг. Синоќа, медиумите на островот откриле дека Португалците на крајот ја одбил понудата.

