Екипата на Арсенал веќе се откажа од идејата да го купи Вилфрид Заха од Кристал Палас, па Унаи емери и неговите соработници се пренасочени кон обезбедување на потписот на ѕвездата на Бурнемаут, Рајан Фрејзер.
Понудата од 40 милиони евра за Заха беше далеку под посакуваните 80 милиони од раководството на Палас. “Топчиите” проценија дека ваквата зделка изгледа премногу оптимистичка за да се постигне, што ги сврте кон крилото на Бурнемаут, Фрејзер.
Шефовите на Арсенал ќе направат нова и подобра понуда за Фрејзер која треба да биде во опсег од 20 милиони евра.