По вчерашната минимална победа на гостувањето во Талин против екипата на Номе Калју во меч од 1. Коло во Лигата на шампионите, тренерот на нашиот првак Шкендија, Ќатип Османи, истакна дека победата требаше да биде и поубедлива.
„Убаво е кога европските настапи ќе ги почнете со победа иако мора да нагласам дека можевме и мораше да дојдеме и до поубедлива победа. Но, секако ова е прв натпревар за нас ова лето и секако значајна победа. Сепак, триумфот не смее да не залажува. Работата ќе мора да ја завршиме за една недела пред нашите навивачи и секако да обезбедиме пласман во следното коло“, изјавил Османи.