Првиот човек на Олимпик Марсеј, Жак-Анри Еиро, го потврди заминувањето на напаѓачот Марио Балотели. 28-годишниот Италијанец го заврши договорот со Марсеј и стана слободен агент.
Претходно во медиумите, беше објавено дека Балотели бил понуден во англиски Вест Хем Јунајтед, но тренерот на лондонскиот тим Мануел Пелегрини не покажал интерес за италијанскиот напаѓач.
Исто така, имаше информации дека Балотели се наоѓа во Бреша, каде што имаат намера да склучат договор со него, но и оваа вест остана непотврдена.

