Раководството на Барселона е подготвено да испрати дури четворица фудбалери во екипата на ПСЖ, само за да го врати назад Нејмар. Според информација на шпанските весници, од „Камп Ноу“ се подготвени да ги разменат Кутињо, Дембеле, Нелсон Семедо и Самуел Умтити, за да го потврдат трансферот на бразилскиот репрезентативец.
Парижаните можат да изберат три од четирите фудбалери и да ги разменат за Нејмар. Барселона не е подготвена да плати кеш за Нејмар, особено не по високиот трансфер на Гризман.