Манчестер Јунајтед не се откажува од идејата да го добие играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Според информации на „Скај Спорт“, „Црвените Ѓаволи“ понудиле 80 милиони евра за правата на Србинот, но од Лацио ја отфрлиле оваа понуда. Тие инсистираат на најмалку 100 милиони евра за да се разделат со својот фудбалер.
Се чини дека Лацио малку ги намали своите побарувања во споредба со минатото лето, кога поставија цена од 120 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ.
Интересот за српскиот репрезентативец има и од Јувентус , ПСЖ и Интер.
