Голманот Дамјан Шишковски од денеска е ново засилување за Работнички. По финската епизода, Шишковски се врати дома.
Тој потпиша едногодишен договор со клубот, а од денеска му се става на располагање на тренерот Александар Влахо. Шишковски замина од Работнички во Лахти во зимскиот преоден рок во 2018 година, а изминатава сезона беше член на РоПС, за кој настапуваше и во квалификациите за Лигата на Европа.
Откако завршија неговите обврски со финскиот клуб, сега комплетно е на располагање на тренерот Влахо. Денеска експедицијата замина на подготовки во Банско.