Дефанзивецот Итан Ампаду во следните неколку часа ќе го финализира трансферот од Челзи во Лајпциг. Синоќа, велшанецот бил на медицински прегледи во клубот на Бундеслигата, кој ќе го изнајми до крајот на сезоната 2019/2020.
18-годишниот фудбалер, кој има 8 натпревари за „сните“, не е приоритет на новиот менаџер Френк Лампард и не замина со тимот на турнејата во Јапонија.
Лајпциг ќе се обиде да го искористи следнава сезона, со право да го откупи следниот јуни.