Нема промена во ситуацијата со Гарет Бејл во Реал (М). Ова го изјави Зинедин Зидан на првата прес-конференција по почетокот на подготовките.
Велшкиот интернационалец е ставен на трансфер листа, но засега тој не сака да си замине од клубот. Сé додека има договор за уште три сезони и огромна плата, тој вели дека сака да остане во Мадрид.
„Нема проблем со Бејл. Никогаш нема да кажам дека еден играч е проблем за тимот. Сè може да се случи. Ќе видиме. Тој има договор со нас и нема промени од јуни“, изјави Зидан пред натпреварот со Баерн од Интернационалниот куп на шампионите.