Филип Кузмановски го имаше деби настапот во дресот на Магдебург. Синоќа, македонскиот репрезентативец го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона и славеше над Лајпциг со 14-13 и тоа благодарение на Кузмановски, кој постигна гол во последната секунда.
Дуелот се одигра на отворено, трибините беа преполни, добро е познато дека ракометот е еден од омилените спортови на Германците.