Ули Хенсес нема да се кандидира за нов мандат како претседател на Баерн. Тој исто така ќе ја напушти функцијата претседател на надзорниот одбор на клубот. Самиот Хенес, засега не ги потврди гласините кои се шират во германските медиуми, но веројатноста вестите да се остварат е голема.
Во интервју за „Кикер“ шефот на баварскиот тим рече дека ќе ја објави својата одлука на 29 август.
„Додека не ги информирам другите колеги, нема ништо официјално”, изјавил Хенес.
Германските медиуми веќе знаат и кој ќе биде неговиот наследник. Станува збор за Херберт Хајнер, поранешен извршен директор на Адидас.