Author: saso

Ракометарите на Металург, под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ попладнево ги почнаа подготовките за новата сезона. Новиот Металург ќе се обиде да им се врати на старите успеси иако има скоро комплетно променет состав од лани. „Металурзите“ неколку дена ќе тренираат во Скопје, а в вторник заминуваат за Копаоник каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки. Потоа се враќаат во Скопје, а од 15 до 19 август ќе бидат дел од турнирот на Чеховски Медведи во Русија, додека на крајот на месецот (22-25 август) ќе учествуваат на „Кањижа купот“.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, по се изгледа се сели во Кина. Според информаците на шпанскиот печат, Велшанецот ќе ја прифати понудата на Џангсу која за него дава 1 милион фунти неделно. Според извештаите, неговите претставници се зафатени со разговорите со клубот, а договорот се приближува до финализирање.

Read More

Јувентус планира да го понуди Паоло Дибала како дел од размената за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, тврдат англиски извори. Италијанскиот шампион влегува во трката за белгискиот голгетер, кој е прва мета на екипата на Интер. Маурицио Сари не планира да го користи следната сезона Дибала, па тој е ставен во неколку комбинации за заминување од Јуве.

Read More

Белгискиот интернационалец Томас Вермелен и официјално е нов фудбалер на јапонаксиот прволигаш, Висел Кобе. По истекот на договорот со Барселона, Вермален како слободен фудбалер се сели во Јапонија. За време на целиот свој престој во Шпанија, Вермален одигра само 53 меча за каталонците. Тој е четвртиот играч на Барса кој ќе игра за јапонскиот клуб по Андрес Иниеста, Давид Виља и Сержи Сампер.

Read More

Тимот на Арсенал е пред потпис на договор со францускиот прволигаш Лил за услугите на напаѓачот Николас Пепе. Англиските и италијанските медиуми пренесоа дека „топчиите“ ја добиваат битката за Пепе и за него ќе платат рекордни 80 милиони евра. Преговорите продолжуваат со цел да се најде договор со самиот играч во врска со личните услови за играчот. Со тоа, Наполи кој беше најсериозен кандидат за потписот на Пепе се чини ја загуби битката.

Read More

Германија има минимални шанси да ја задржи својата позиција во Ф1 календарот со трката на патеката во Хоканхајм. Еден од директорите на патеката, Јорн Тезке, не верува дека Германското ГП ќе остане во календарот. „Под нормални околности, Зандворн и Виетнам мора да бидат подготвени на време, така што нашите шанси се минимални, секако тоа не е наша одлука, но единствениот излез е договор за неколку години”, рече тој.

Read More

Денеска во Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка беа извлечени паровите од 1. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Среќата сакаше на стартот да се сретнат освојувачот на Купот и шампионот. Академија Пандев ќе ја пречека Шкендија, и тоа ќе биде најинтересниот дуел на 11 август, за кога е закажан стартот на шампионатот. Ренова игра против Силекс, Вардар на домашен терен ја чека Македонија ЃП. Во останатите дуели од 1. коло ќе играат: Струга – Работнички Шкупи – Борец Вардар – Македонија ЃП Ренова – Силекс

Read More

Манчестер Јунајтед најверојатно најде замена во случај да остане без Ромелу Лукаку до крајот на летниот трансфер период. Имено, од Англија денеска доаѓа информација дека потенцијално засилување за „црвените ѓаволи“ е напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле. Добро е познато дека Лукаку не влезе во изборот на Оле Гунар Солскјер и стратегот му дал “зелено светло” на менаџментот да го продаде задобра понуда. Во моментов Интер е во битка за неговиот потпис, но понудата која ја нудат „нероаѕурите“ во моментов не ги задоволува потребите и барањата на Манчестер Ј.

Read More

Најдобрата македонска судијка, Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска. Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето, нашата Ивана Пројковска го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера. Претходно беше дел од завршницата на континенталните собири во Исланд и Словачка. Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА.

Read More

Македонските пливачки Миа Крстевска и Ева Петровска, утрово се појавија во квалификациските трки на светското првенство во водени спортови кое се одржува во Гвангжу, Ј. Кореја. Крстевска пливаше во квалификациите на 200 метри грбно и се избори за време од 2:23,13 минути, што беше доволно за пласман на 37. место во конкуренција на 42 пријавени пливачки. Нашиата пливачка пливаше во првата квалификациска трка и таму оствари најдобар резултат. Петровска, пак, се појави на трката на 800 метри слободно и имаше резултат од 9:12,71 минути, доволно за 36. место во конкуренција на 40 пливачки кои успеаја да остварат време во квалификациите.…

Read More