Најдобрата македонска судијка, Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска.
Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето, нашата Ивана Пројковска го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера. Претходно беше дел од завршницата на континенталните собири во Исланд и Словачка.
Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА.