Манчестер Јунајтед најверојатно најде замена во случај да остане без Ромелу Лукаку до крајот на летниот трансфер период. Имено, од Англија денеска доаѓа информација дека потенцијално засилување за „црвените ѓаволи“ е напаѓачот на Олимпик Лион, Муса Дембеле.
Добро е познато дека Лукаку не влезе во изборот на Оле Гунар Солскјер и стратегот му дал “зелено светло” на менаџментот да го продаде задобра понуда. Во моментов Интер е во битка за неговиот потпис, но понудата која ја нудат „нероаѕурите“ во моментов не ги задоволува потребите и барањата на Манчестер Ј.