Белгискиот интернационалец Томас Вермелен и официјално е нов фудбалер на јапонаксиот прволигаш, Висел Кобе. По истекот на договорот со Барселона, Вермален како слободен фудбалер се сели во Јапонија.
За време на целиот свој престој во Шпанија, Вермален одигра само 53 меча за каталонците.
Тој е четвртиот играч на Барса кој ќе игра за јапонскиот клуб по Андрес Иниеста, Давид Виља и Сержи Сампер.