Македонските пливачки Миа Крстевска и Ева Петровска, утрово се појавија во квалификациските трки на светското првенство во водени спортови кое се одржува во Гвангжу, Ј. Кореја.
Крстевска пливаше во квалификациите на 200 метри грбно и се избори за време од 2:23,13 минути, што беше доволно за пласман на 37. место во конкуренција на 42 пријавени пливачки. Нашиата пливачка пливаше во првата квалификациска трка и таму оствари најдобар резултат.
Петровска, пак, се појави на трката на 800 метри слободно и имаше резултат од 9:12,71 минути, доволно за 36. место во конкуренција на 40 пливачки кои успеаја да остварат време во квалификациите. И Петровска беше прва во својата квалификациска трка.