Гоце Седлоски повеќе не е тренер на босански Широки Бријег. Нашиот стратег си поднесе оставка од тренерската позиција и ќе се врати во Вардар, каде најверојатно ќе ја преземе улогат ана спортски директор.
„Почитувани фудбалери, членови и навивачи на ФК Широки Бријег. Би сакал да Ви се заблагодарам од длабочината на моето срце за оваа преубава година која беше полна со возбудувања, радости, тага, напорна работа и што е најважно, исполнување на сите барања кои пред мене беа поставени од управата на клубот. Одлучив да ја напуштам оваа позиција на клубот по натпреварите со Каират, но за три дена почнуваше првенството и не беше коректно кон клубот да заминам веднаш. Сега клубот има време да најде мој наследник. Јас веројатно ќе направам пауза од тренерската работа и ќе се посветам на друга улога во фудбалот“, се вели во соопштението на Седлоски.