Уругваецот од екипата на Милан, Диего Лаксалат кариерата може да ја продолжи во Русија во екипата на Зенит. Според руски извори, Лаксалат е интересен за италијанските клубови во Серија А, но Зенит им аподобра понуда.
Росонерите не ја разгледуваат можноста за изнајмување на фудбалерот и сакаат само комплетна продажба. Зенит е подготвен да извади добра сума и трансферот би можел да биде завршен во многу скоро време.