Дефанзивецот на Ливерпул, Натанел Клајн, ќе биде отсутен долго време од фудбалските терени поради повреда на вкрстените лигаменти во коленото.
„Сите сме многу вознемирени за Клајн. Тој тренираше и многу добро играше, беше во одлична форма, но очигледно таквата повреда ќе бара многу време за рехабилитација. Тоа е тешко за секој играч“, изјави Клоп.
Повредата на Клајн дојде на пријателскиот натпревар со Борусија Дортмунд и обично за целосно закрепнување ќе бидат потребни околу шест месеци.