Поранешниот возач на Формула 1, Герхард Бергер, апелира трката за Големата награда на Холандија да се вози на патеката во Асен, а не на онаа во Зандворт.
Претходно, многу пилоти, вклучувајќи го и лидерот во генералниот пласман сезонава, Луис Хамилтон, зборуваа за тешкотиите на тесната патека во Зандворт. Бергер првпат ја посети патеката во Асен за време на трката на ДТМ минатата недела.
„Бев импресиониран од патеката. Не разбирам зошто претставниците на Формула 1 не дојдоа во Асен. Ова е една од најдобрите патеки меѓу сите што ги видов во последно време. Овде е идеално за Ф1“, изјавил Бергер.