Претседателот на Интер, Стивен Жан, уверува дека клубот не ја променил својата позиција за Мауро Икарди. Кинезите беа категорични дека аргентинскиот фудбалер ќе биде продаден и во моментов се бара “најдобро решение” за него.
26-годишниот играч е непотребен по пристигнувањето на Антонио Конте како нов тренер на тимот. Во моментов, Икарди и Раџа Наинголан, тренираат одделно од главната група, додека Интер се обидува да ги пласира на пазарот.