Европскиот клупски шампион Ливерпул ја заврши мини-турнејата во САД без остварена победа. Во последниот меч одигран синоќа, „црвените“ ремизираа 2-2 со екипата на Спортинг од Лисабон.
Претходно, момците на Јирген Клоп беа поразени со 3:2 од Борусија (Д), а загубија и од Севиљ со 2:1. Сега нивните подготовки ќе бидат насочени кон почетокот на новата сезона во англискиот фудбал.