Бока Јуниорс доцна синоќа го потврди трансферот на поранешниот лидер на екипата на Рома, Даниеле де Роси.
Тој иницира договор со тимот како слободен агент, а засега не се објавени делови од финансиската соработка. Де Роси вчера успешно ги мина лекарските прегледи во тимот, а за својот 36-ти роденден доби и прошетка и разгледување на легендарната „Бомбонера“.
Официјалната презентација на новото засилување на Бока ќе биде во понеделник.