Ливерпул може да го засили својот напад со уште едно име. Имено, Јирген Клоп и неговите соработници работат на трансфер на напаѓачот на Бордо, Франсоа Камано.
Англискиот клуб нуди сума од 15 милиони евра за 23-годишниот репрезентативец на Гвинеја. Договорот може лесно да биде завршен, затоа што менаџер на Камано е истиот оној кој го донесе Мане во Ливерпул. Интерес за Камано има и од Торино и од Монако.