Интер синоќа доставил нов предлог договор за фудбалерот на Рома, Един Џеко. Информациите од Италија велат дека „нероаѕурите“ ја зголемиле својата првична понуда за Џеко на 13 милиони евра, плус 2 милиони во форма на бонуси.
Рома и натаму одбива да го продаде Босанецот за оваа сума и сака да добие за најмалку 20 милиони евра. 33-годишниот Џеко е дел од Рома од 2015 година, но јасно беше по завршувањето на минатата сезона дека и тој сака да си замине од „волчицата“.
Претходната понуда на Интер за Џеко изнесуваше 12 милиони евра.