Македонската ракометна репрезентација до 19 години со победа над Аргентина ги заврши настапите на Светското првенство во Скопје. Попладнево избраниците на Данило Брестовац ја совладаа селекцијата на Аргентина со 29:26 и на крајот го освоија 13. место.
Младите македонски ракометари без притисок одиграа подобар меч од одној првиот против Аргентина кој го загубивме на стартот на првенството. Симоноски со девет голови беше прогласен за играч на мечот, Младеновиќ даде шест.