Фудбалерите на Шкендија попладнево во Луксембург ќе го одиграат возвратниот меч од 2. коло во елиминациите на Лигата на Европа против екипата на Дуделанж. На првата средба пред 7 дена, Дуделанж изненади во Скопје и однесе победа од 2:1, па тетовци сега ќе мора да направат сличен резултат на гостински терен, ако сакаат да обезбедат место во следната квалификациска рунда.
„Мислам дека нашето искуство треба да направи разлика. Видовме дека во Скопје демонстриравме добра игра, како и играчите на Дуделанж, ама резултатот игра клучна улога во овие натпреварувања и сега мораме да дојдеме до тоа што го посакуваме. Ќе влеземе во овој меч со убедување, смирено, имаме многу добра атмосфера и не се сомневам во нашиот триумф“, најави пред мечот, искусниот Агим Ибраими.
Средбата Дуделанж – Шкендија се игра од 17:55 часот.