Author: saso

Денеска во 18 часот во Нион ќе се одредуваат групите за новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе учествуваат 32 екипи, од кои половина доаѓаат од четири првенства: Премиерлигата, Ла Лига, Серија А и Бундеслигата. Првите натпревари во новата сезона на ЛШ ќе се одиграат на 17/18 септември, а денеска со ждрепка треба да бидат формирани осумте групи. CONFIRMED: #UCLdraw pots! ✅ Pick the strongest team from each 👇 pic.twitter.com/D06AiDU5NA — #UCLdraw (@ChampionsLeague) August 28, 2019

Read More

Новак Ѓоковиќ рано утринава и покрај проблемот со повредата успеа да се пласира во 3. коло на УС Опен. Србинот славеше на пресметката со Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро со 3:0. За два часа и 13 минути игра, Ѓоковиќ победи со 6:4, 7:6, 6:1 и со тоа ја оствари деветтата победа во низа на Отвореното првенство на САД. На женскиот дел од УС Опен, рано утринава една од првите фаворитки, Американката Серена Вилијамс, во пресметката со својата сонародничка МекНали славеше во три сета со 2:1.

Read More

Играчот од средниот ред на руски Зенит, Емилијано Ригони, може во следните неколку часа да стане играч на Сампдорија. Вчера, челниците на италијанскиот тим имале разговори со преставниците на Зенит во Минхен и со агентот на фудбалерот, па денеска се очекуваат и конкретни информации за договорот. Новиот предлог кој Сампдорија го достави до Зенит е позајмица на Ригони за една година за сума од 1 милион евра со откупна клаузула од 9 милиони евра. Ригони се пресели во Зенит летото 2017 година.

Read More
NBA

Едно од најискусните имиња во екипата на Детроит Пистонс, Хозе Калдерон негираше дека сака да стави крај на својата кариера. Претходно во печатот, Калдерон најави дека сериозно размислува за заминување во пензија. „Со нетрпение очекувам да добијам предлог што ми одговара и на мене и на моето семејство и да продолжувам да работам. Јас сериозно размислувам за претстојната сезона во НБА лигата“, изјавил Калдерон. Минатата сезона, Калдерон во дресот на Детроит Пистонсна 49 средби, имаше просек од 2,3 поени, 1,2 скока и оствари 2,3 асистенции.

Read More

Ракометарите на Вардар без посериозни проблеми ја минаа четвртфиналната пречка на светското клупско првенство во С. Арабија. Во четврфиналениот меч одигранденеска со домашниот претставник Ал Мудхар „црвено-црните“ славеа со 34:27 (17:12) и се пласираа во полуфиналните дуели. Тимур Дибиров беше прв стрелец со шест гола, а беше избран и за МВП на турнирот, додека Дисингер и Чупиќ постигнаа по пет погодоци. Во полуфиналната рунда Вардар за противник ќе го има германски Кил.

Read More

Алексис Санчез попладнево пристигна во Милано каде наскоро треба да ги мине лекарските прегледи и да стане нов фудбалер на Интер. Италијанските медиуми доцна синоќа објавија дека Манчестер Јунајтед и Интер го договориле трансферот на Чилеанецот, а сумата ќе биде позната по верификација на договорот. Санчез оваа година не заигра ниту еднаш за Манчестер Ј. и беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине од клубот.

Read More

Синиша Михајловиќ најверојатно ќе го предводи тимот на Болоња и на гостувањето кај СПАЛ во второто коло во Серија А. Вестите од Италија велат дека српскиот стратег кој изненадувачки се појави на клупата на тимот и на мечот од 1. Коло добил дозвола да биде и на оваа средба со својот тим. Српскиот тренер неодамна го заврши првиот дел од лечењето кој траеше 40 дена, а во тек е периодот на одмор пред вториот циклус од терапијата.

Read More

По четири часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, малиот Марко Пејчиноски поради големи болки во ногата кои траеја еден час, го прекина подвигот кај Градиште. Супер-херојот на кого му се поклони цела Македонија, причината поради која можеби за првпат сите погледи вчера беа насочени кон Охрид, денеска испрати порака и одново ни ги исполни срцата. „Не ми е се едно што морав да се откажам, но не се предавам, ќе продолжам и понатаму да пливам. Брановите ми го отежнаа пливањето, еден час пливав во место… Им благодарам на сите за…

Read More

Ракометарите на германски Кил и Ал Вехда од С. Арабија се првите полуфиналисти на Супер Глоуб турнирот, кој е неофицијалното светско клупско првенство во ракомет. Ал Вехда во првиот четврфинален меч денеска со 30:26 го совлада бразилски Таубате, додека германскиот тим немаше лесна задача со Ел Замалек, но на крајот победи со 32:28. Кил не дозволи да биде изненаден од Ел Замалек кој се покажа во многу солидно издание. Германците беа поуспешни во првиот дел кој го добија со 18:12, но во второто полувреме не тргнаа најдобро. Шампионот од Египет одигра одлично и ја намали разликата на само еден гол,…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, се помири со фактот дека, најверојатно, нема да замине во еден од европските гиганти во текот на летото, и реши да остане во таборот на Спарс. Според „Дејли меил“, лондончани му понудиле на играчот од средниот ред нов договор со плата од околу 220 илјади евра неделно, но самиот Ериксен одговорил дека не станува збор за финансиско прашање. Данскиот репрезентативец не ја криеше желбата да го напушти Тотенхем н не доби понуда. Постои сценарио во кое Ериксен може да одбие нов договор со Спарс што ќе му даде можност да си оди…

Read More