Ракометарите на германски Кил и Ал Вехда од С. Арабија се првите полуфиналисти на Супер Глоуб турнирот, кој е неофицијалното светско клупско првенство во ракомет.
Ал Вехда во првиот четврфинален меч денеска со 30:26 го совлада бразилски Таубате, додека германскиот тим немаше лесна задача со Ел Замалек, но на крајот победи со 32:28.
Кил не дозволи да биде изненаден од Ел Замалек кој се покажа во многу солидно издание. Германците беа поуспешни во првиот дел кој го добија со 18:12, но во второто полувреме не тргнаа најдобро. Шампионот од Египет одигра одлично и ја намали разликата на само еден гол, за Германците на крајот да успеат да се вратат во ритам и да ја потврдат победата која ги носи во полуфиналето, со победникот од дуелот меѓу Вардар и Мудхар.