Синиша Михајловиќ најверојатно ќе го предводи тимот на Болоња и на гостувањето кај СПАЛ во второто коло во Серија А. Вестите од Италија велат дека српскиот стратег кој изненадувачки се појави на клупата на тимот и на мечот од 1. Коло добил дозвола да биде и на оваа средба со својот тим.
Српскиот тренер неодамна го заврши првиот дел од лечењето кој траеше 40 дена, а во тек е периодот на одмор пред вториот циклус од терапијата.