Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, се помири со фактот дека, најверојатно, нема да замине во еден од европските гиганти во текот на летото, и реши да остане во таборот на Спарс. Според „Дејли меил“, лондончани му понудиле на играчот од средниот ред нов договор со плата од околу 220 илјади евра неделно, но самиот Ериксен одговорил дека не станува збор за финансиско прашање.
Данскиот репрезентативец не ја криеше желбата да го напушти Тотенхем н не доби понуда. Постои сценарио во кое Ериксен може да одбие нов договор со Спарс што ќе му даде можност да си оди како слободен играч следното лето, но Тотенхем можат да го продадат до 2 септември до кога е отворен европскиот трансфер период.