Едно од најискусните имиња во екипата на Детроит Пистонс, Хозе Калдерон негираше дека сака да стави крај на својата кариера. Претходно во печатот, Калдерон најави дека сериозно размислува за заминување во пензија.
„Со нетрпение очекувам да добијам предлог што ми одговара и на мене и на моето семејство и да продолжувам да работам. Јас сериозно размислувам за претстојната сезона во НБА лигата“, изјавил Калдерон.
Минатата сезона, Калдерон во дресот на Детроит Пистонсна 49 средби, имаше просек од 2,3 поени, 1,2 скока и оствари 2,3 асистенции.