Author: saso

Денеска и официјално се отвора новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Во пресрет на својот прв меч во новата сезона, денеска на прес-конференција се појави бранителот на титулата Вардар, предводен од новиот стратег Давид Писонеро. За првиот дуел кој „вардарци“ го играат утре против Пекинг Спорт Универзитет, Писонеро вели: „Среќен сум што официјалниот старт на сезоната го имаме во Скопје. Секој меч е важен за нас, го анализиравме Пекинг, и се фокусираме на новиот ривал. Се надевам дека ќе ја подобрите играта и ќе изгледаме на ниво повисоко отколку на Супер Глоуб, но тоа ќе се види најубаво на…

Read More

Шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте oд утрово е нов фудбалер на Наполи. Италијанците го потврдија договорот со искусниот шпански голгетер, кој минатата сезона ја заврши како играч на Тотенхем. Љоренте доаѓа во Неапол како слободен агент и потпиша договор со вредност до 2,5 милиони евра по сезона во составот на наполитанците. Љоренте е изнудено решение за засилување во нападот на тимот на Анчелоти, откако неуспешно се обидуваа да го купат Икарди. OFFICIAL: Napoli have signed former Tottenham striker Fernando Llorente on a two-year contract. pic.twitter.com/ATlNuUbUQM — Transfer News Central (@TransferNewsCen) September 2, 2019

Read More

Новак Ѓоковиќ не го заврши осминафиналето на УС Опен откако поради повреда го предаде дуелот со Стен Вавринка. Швајцарецот имаше водство од 2:0 во сетови, кога во третиот сет, првиот рекет реши да се повлече поради повреда на рамото. Сега е веќе јасно дека УС Опен ќе добие нов шампион. Вавринка во четвртфиналето ќе игра со Даниел Медведев, кој пат го елиминираше Германецот Доминик Кефер. 6-4, 7-5, 2-1 (ret.)@stanwawrinka returns to the QF after Djokovic retires from the match.#USOpen pic.twitter.com/3cGoWzcE0b — US Open Tennis (@usopen) September 2, 2019

Read More

Денеска точно на пладне во хотелот „Парк“ во Скопје, е закажан собирот на нашите најдобри фудбалери. Селекторот Игор Ангеловски, денеска ги очекува репрезентативците полека да се комплетираат во Скопје, по што ќе почнат мини-подготовките пред заминувањето за Израел, каде на 5 септември (четврток) го играме првиот од двата престојни квалификациски дуели. По гостувањето во Бер Шева против Израел, нашата репрезентација ја очекува и гостување во Летонија, каде на 9 септември играме со тамошната репрезентација во циклусот квалификации за ЕП 2020. По собирот нашите репрезентативци во 18:30 часот, ќе одржат  тренинг на теренот на ФФМ.

Read More

Рома е во преговори со Арсенал за да го ангажира играчот од средниот ред Хенрих Мхитарјан, тврди Скај Спорт. Иако трансфер прозорецот во Премиер лигата е затворен уште на 8 август во многу европски земји, вклучувајќи ја и Италија, играчи може да се купат до крајот на денешниот ден. Мхитарјан не се наигра на „Емирати“ во последниве две сезони, па сега би можел да помине една сезона на позајмица во Рома, која донесе дури девет играчи за време на овој летен трансфер период. Ако Ерменецот се договори би можел да биде десеттиот новајлија во дресот на „волчицата“.

Read More

Екс-играчот на Јувентус, Клаудио Маркизио може да ја продолжи кариерата во бразилскиот шампионат, јавуваат неколку бразилски медиуми. Според информациите, за Маркизио е сериозно заинтересирана екипата на Фламенго, кој бара замена за колумбиецот Густаво Куељар, кој неодамна го напушти тимот и се пресели во Ал-Хилал од Саудиска Арабија за 7,5 милиони евра. Преговорите за трансфер се во тек. Маркизио по заминувањето од Јувентус беше дел од екипата на Зенитно главно поради проблем со повредите, 33-годишниот фудбалер одигра само 15 натпревари и постигна 2 гола бна сите настапи за рускиот тим.

Read More

Вест Хем ги договори условите за трансфер на напаѓачот Хавиер Ернандез во шпанската Севиља. 31-годишниот фудбалер денеска и формално треба да ги мине лекарските преглед, по што и официјално ќе стави потпис на договорот вреден 9 милиони евра. Во сезоната 2018/19 година, Чичарито одигра 25 натпревари во англиската Премиер лига за Вест Хем, а и годинава веќе имаше два настапи за „чеканите“. Договорот на напаѓачот со лондончани истекуваше во јуни 2020 година, па затоа и решија да го продадат токму сега.

Read More

Навивачите на Каљари се дел од големиот расистички скандал кој изби по вчерашниот меч од 2. коло во Серија А лигата меѓу нивниот тим и екипата на Интер. Имено, новото засилување во нападот на Интер, Ромелу Лукаку беше малтретиран во текот на мечот од трибините на расистичка основа. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед ја донесе победа за „нероаѕурите“ со гол од белата точна, но додека го изведуваше се случаше хор од мајмунски извици од трибините. За навивачите на Каљари, ова не е прв ваков истап. Во последниве години, најмалку 12 други играчи беа мета на расистички напади на овој стаднион.…

Read More

Ракометарите на Вардар го совладаа тимот на Ал Вехда со 30:26 и го освоија третото место на светското клупско првенство во С. Арабија, позјато како Супер Глоуб. Во малото финале, „црвено-црните“ одиграа еден добар меч, иако со две различни полувремиња. Во првиот дел видовме добра и концентрирана игра од двата тима, па на полувреме се замина со егал ситуација – 16:16. Во второто полувреме Вардар го засили темпото, поведе уште на стартор со 2 гола разлика, и до крајот успешно ја градеше предноста за победа. Со оваа победа Вардар стигна и до чекот во висина од 150.000 долари предвиден за…

Read More

Најдобрите македонски одбојкари попладнево (17.30 ч) против селекцијата на  Бугарија ќе играат во мечот за третото место на 43. издание на меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ во Скопје. Македонија вчера беше поразена со 3:1 од Украина, додека во вториот меч Белгија со комплетен пресврт и триумф од 3:1 ја совлада Бугарија. Украина и Белгија ќе се соочат во финалето, а тој дуел е закажан во 20:30 часот. Влезот во „Градски парк“ за двата натпревари е слободен.

Read More